Серена по елиминацијата во првото кол: Ова не ми е последно сеќавање од „Вимблдон“

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Поранешниот светски рекет број еден Серена Вилијамс неуспешно се врати на „Вимблдон“, губејќи во првото коло од Французинката Армони Тан (број 115 на светската ранг-листа) со 1:2 во сетови – 5:7, 6:1, 6:7 (7). во натпревар кој траеше 3 часа и 11 минути.

По натпреварот, 40-годишната Американка изрази жалење што не тренирала за натпревари „над 3 часа“.

„Физички не поминав лошо, но вистина е дека настрадав на последните поени“, изјави Вилијамс, која има освоено 23 Гренд слем турнири.

„Добро се движам на теренот, враќам многу топки за кои треба да трчам. Но, не тренирав за натпревари за повеќе од 3 часа… Згрешив. Во клучните моменти секогаш морам да бидам подготвена за освојување поени. Играв добро во еден-два такви поени, но тоа не е доволно“, коментираше Вилијамс по поразот.

„Не сум играла многу, губам ритам. Тренирам една недела од две или дури три. Штом го кажав тоа, знам дека играв добро за некои поени – не на сите, но на некои. Морам да признаам дека да играв натпревари, немаше да ги загубам тие поени и мечот“, изјави Американката.

„Ова нема да биде мојот последен спомен од Вимблдон. Дефинитивно не! Можеби ако играв утре, ќе се справев подобро. Но, тоа е она што успеав да го направам. Не можев да го направам тоа денес”, призна Вилијамс на прес-конференцијата после натпреварот.

Слични содржини