140
Британскиот премиер, Борис Џонсон денеска на самитот на НАТО во Мадрид изјави дека рускиот претседател Владимир Путин греши, ако се надева на „помала алијанса“.
„Тие добија повеќе НАТО. Две нови членки доаѓаат кај нас, Финска и Шведска, што е огромен чекор напред за нашата алијанса“, рече Џонсон, пренесе Би-Би-Си.
Британскиот премиер рече дека на денешниот самит ќе разговараат што друго може да се направи за поддршка на Украина и кои лекции може да се извлечат од последните неколку месеци.