Колач со кајсии

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Омилен летен овошен колач.

Состојки:

– 4 јајца

– 300-400 гр шеќер, по желба

– 200 мл јогурт

– 200 мл масло

– 300 гр меко брашно

– 100 гр остро брашно

– 1 прашок за пециво

– кајсии, количина по желба

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава шеќерот и уште малку се промешува. Потоа додадете го јогуртот, па маслото и на крај брашното во кое сте го истуриле прашокот за пециво.

Измешајте сè заедно со миксер.

На крај се става во подмачкана и набрашнета тава, па се редат на половина исечени кајсии.

Се пече на 180 степени во загреана рерна околу 40 минути.

Готовиот колач посипете го со шеќер во прав.

Слични содржини