Тотенхем е многу блиску до ангажирање на централниот дефанзивец на Барселона, Клемент Ленгле.
Според „Марка“, преговорите меѓу двата клуба се во многу напредна фаза, а и самиот фудбалер веќе изразил желба да заигра за лондончани.
Французинот имаше и други понуди, но ги избра „мамузите“ бидејќи тимот ќе учествува во Лигата на шампионите, а се зборуваше и за интерес на Рома за него.
Според „Марка“ од Барселона преферирале постојан трансфер, но англискиот клуб во моментов бил против таков потег, па Каталонците прифатиле дека Ленгле засега оди само на позајмица. Двата клуба се уште преговараат кој ќе ја исплати платата на централниот дефанзивец. Тотенхем не се согласува да ја покрие целата сума од надоместот на играчот, како што сака Барселона.
Чави Ернандез моментално има седум централни дефанзивци – Пике, Раухо, Ерик Гарсија, Ленгле, Мингеса, Умтити и Кристенсен. Најверојатно најмалку тројца од нив ќе си заминат летово. Ленгле би можел да биде првиот од нив, а Мингеса и Умтити се следните кои клубот се обидува да ги продаде или отстапи.
Чави сака да привлече уште еден квалитетен играч во овој простор на теренот во лицето на Жил Кунде.