Ветингот не мора да биде направен со закон за ветинг, тврди Тупанчевски

од Nikola Popovski
200 прегледи

Компаративните искуства покажаа дека ветингот не се покажа како најдобра алатка за прочистување или филтрација на судството, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој го наведе искуството во Албанија, каде ветингот доживеа, како што рече, фијаско затоа што начинот на кој беше спроведен не ги даде очекуваните резултати или не беше постигната целта која беше поставена.

-Решението остана дека и во рамки на институциите и во рамки на постојните законски и подзаконски акти може да се направи селекција на добри и на лоши судии, или помалку добри. Во таа насока беше донесена методолгијата која значеше симбиоза на попрецизни критериуми околу изборот и разрешувањето на судиите и јавните обвинители, рече Тупанчески.

Министерот за правда изрази надеж дека наскоро ќе добиеме резултати или поместувања  на нештата во позитивна смисла затоа што не може преку ноќ и наеднаш да се анулираат,  да се реформираат недостатоците кои имаат системски карактер.

-Ветингот не мора да биде направен со закон за ветинг. Напротив сметам дека ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија и подзаконски решенија. Најважно во целата оваа работа е да се има сериозна волја заради остварување на резултатите, нагласи Тупанчески.

Слични содржини