Русија подготвува закон кој ќе овозможи забрана на странски медиуми

од Nikola Popovski

Руската Дума денеска го одобри второто читање на Предлог-законот со кој ќе се овозможи забрана на странски медиуми. Предлогот мора да помине третото читање, по што треба да биде изгласан од горниот дом на парламентот пред да биде потпишан од претседателот Владимир Путин.

Русија постојано се жалеше во последните месеци дека западните земји несоодветно ги забранија руските медиуми и не им даваа визи на нивните новинари.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека нацрт-законот, исто така, предвидува овластување на државниот обвинител да ја откаже регистрацијата на медиумите кои шират „незаконски, опасни, неверодостојни информации од јавно значење или информации кои покажуваат јасно непочитување на општеството, државата и Уставот на Руската Федерација, со цел да се дискредитира руската армија“.

Многу странски медиуми ја суспендираа или ограничија работата во Русија по усвојувањето на законот во март со кој известувањето се карактеризира како дискредитација на руската војска до 15 години затвор.

Од почетокот на нападот врз Украина, многу руски независни медиуми, како што се Радио Ехо Москва и Нова Газета, престанаа со работа.

Слични содржини