Путин: Ќе одговориме на влезот на Шведска и Финска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Доколку НАТО ја воспостави својата инфраструктура во Финска и Шведска, откако тие две земји ќе влезат во Северноатлантската алијанса предводена од САД, Русија ќе одговори со иста мерка, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Тој рече дека не може да се исклучат идните тензии во односите на Москва со официјален Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО.

„Мораме само јасно да кажеме дека претходно немаше закани, но во случај на распоредување на воениот контингент и инфраструктура, ќе мораме реципрочно да одговориме и да ги создадеме истите закани за териториите од кои ни се закануваат“, кажа рускиот претседател.