Битиќи: Спремни сме за социјално праведна енергетска транзиција

од Берта Китинска
133 прегледи

Северна Македонија има значајни постигнувања во однос на енергетската транзиција во изминатиот период, спроведувајќи неколку реформи и следејќи ја својата визија за градење доверлив, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем кој ќе помогне за одржлив економски растВсушност, Северна Македонија е првата договорна страна што го усвои својот Национален план за енергија и клима и го поднесе до Секретаријатот на Енергетската заедница, вели Фатмир Битиќи на почетокот на Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2022.

Тој посочи дека веќе се има изготвено и Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година која се заснова на петте димензии на Енергетската унија и е прва од ваков вид меѓу договорните страни на Енергетската заедница.

-Притоа, активно сме вклучени во повеќе процеси на развој и имплементација на неколку големи и стратешки важни проекти за обновлива енергија кои ќе ја обезбедат нашата енергетска безбедност и диверзификација, оддалечувајќи се од фосилните горива.
Пред нас се предизвикувачки времиња кои единствено можеме да ги надминеме со регионална соработка и искрено пријателство!, истакна Битиќи.

Слични содржини