154
На први јули во ЕУ стапува на сила нова регулатива со која се продолжува бесплатниот роаминг за корисниците од територијата на ЕУ-27 и Европската економска заедница до 2032 година.
Покрај роаминг без дополнителни трошоци, патниците ќе можат да уживаат во истиот квалитет на мобилната услуга во странство како и дома, а новите правила го подобруваат пристапот до итни комуникации низ ЕУ и гарантираат јасни информации за услугите што може да подлежат на дополнителни трошоци.
Брисел наведува дека употребата на интернет и пораки без дополнителни трошоци на целата територија на ЕУ е вредност на заедничкиот европски економски пазар и дека исклучувањето на роаминг за време на патувањето со цел да се избегнат големи сметки „стана историја“.