Џафери: Горд сум што сум од Форино

од Nikola Popovski
240 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на седницата за неговата интерпелацијата во Собранието реплицираше на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Тој констатира дека направил многу за младите.

-Гордо кажувам дека сум од с. Форино и гордо го носам тој надимак за кој што зборувате. Никој не ме киднапирал дека сум од таму. Сите состаноци се со мој потпис. Многу сум направил за младите, изјави Џафери од собраниската говорница.

За усвојување на дневниот ред гласаа 82 пратеници во парламентот со 120 пратенички места, а за збор се пријавија 41 пратеник.

Пред гласањето за дневниот ред, Џафери го образложи текот на седницата и претседателството му го предаде на потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, а во собраниските клупи седна со колегите од неговата партија ДУИ.

Според образложението, седницата трае цел ден, односно гласањето треба да биде пред полноќ или по исцрпување на пријавените пратеници за збор.

Слични содржини