Мислите Радев ќе си дозволи луксуз да прифати нешто што ќе значи дипломатски пораз, прашува Мицкоски за предлогот

од Nikola Popovski
175 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција соопшти дека неговата партија нема никогаш да прифати во ниту еден документ, македонскиот јазик да биде освен македонски, ништо друго.

-Без фуснота, без додавања, одземања, македонски јазик е македонски. Сето останато, вклучително и некакви протоколи не може да биде дел од преговарачката рамка. Она што најмалку требаше да го направи Ковачевски е да го прикачи предлогот на веб-страницата на Владата. Доколку таму го видиме, тогаш ќе можат сите да го видиме мислењето. Имаме информација дека седницата на Влада воопшто не бил поделен документот. Ова е доволен основ за сомневање, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Нема корекции, суштината е иста, бугарските барања се дел од предлогот. Мислите дека Радев ќе си ги дозволи луксуз да прифати на прва нешто кое што ќе значи негов дипломатски пораз? Сите сме овде сериозни луѓе, додава Мицкоски.

Слични содржини