113
Американскиот претседател Џо Бајден оцени денеска дека самитот на НАТО во Мадрид е „историски“ и најави нова воена помош на Вашингтон за Украина во вредност од 800 милиони долари во наредните денови.
„Ќе ја поддржуваме Украина колку што е потребно“, рече Бајден на прес-конференција на крајот од самитот на НАТО во Мадрид, пренесе „Ројтерс“.
Американскиот претседател рече дека НАТО се трансформирал со прилагодување на брзо менувачката безбедносна ситуација во светот и порача дека Алијансата ќе ја брани секоја педа од територијата на членките на НАТО.