Богојески: Францускиот предлог ќе создаде трајно македонско-бугарско непријателство

од Nikola Popovski
453 прегледи

Граѓаните ги побудалевме со разни дезинформации и информации околу францускиот предлог. Нема нов или стар предлог. Тоа е еден предлог од Париз со игра на зборови или поразлично толкување. Не би ја цитирал госпоѓата Генчовска бидејќи таа не знае што ѝ се случува во нејзиното МНР, а не тука, вели лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески.

Според него во моментов се нарушени две позиции – „не“ за Бугари во Уставот и „не“ за бугарски услови во пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

-Со овој француски предлог ги дбоиваме и двете. Тука имаме сега огромен проблем – стануваме заложници на минатото и веројатно во наредните 50 години нема да ги затвориме преговорите со ЕУ. Ако грчките преговори траеја 30 години, овие преговори би траеле минимум околу 50 години. Многу тешко ќе влеземе во ЕУ. Не постои француски предлог со кој би се задоволиле бугарските апетити. Секогаш француските предлози на маса биле за да бидат уништени бугарските апетити. Овој француски предлог ќе создаде трајно македонско-бугарско непријателство, ќе се караме за Рајна или за Сирма Војвода и многу тешко ќе дојдеме до помирување, смета Богојески во гостувањето на емисијата „Студио 10“.

Слични содржини