Украина воведе визен режим за руските граѓани

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Шефот на Државната гранична служба на Украина, Серхи Деинеко, изјави дека денеска стапува на сила одлуката на владата на Украина за укинување на безвизниот режим за граѓаните на Русија.

Деинеко рече дека визата не им гарантира непречен влез на руските граѓани во Украина, пренесува „Интерфакс Украина“.

„Патувањето без визи е привилегија за граѓаните на развиените демократии кои не убиваат цивили и не навлегуваат во суверенитетот на другите земји. А Русија очигледно не е на таа листа“, рече шефот на Државната гранична служба на Украина.

Слични содржини