221
Претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук, објави дека е горд на знамето на Европската унија кое сега се вее во украинскиот парламент, откако земјата стана кандидат за членство во ЕУ.
„Историски момент! Знамето на Европската унија сега е во украинскиот парламент. Тоа беше мојот сон. Тоа се оствари. Врховната Рада го заслужува знамето на ЕУ и по боја и по значење“, објави Стефанчук денеска на Твитер.
Лидерите на ЕУ ѝ доделија на Украина кандидатски статус минатата недела, со што официјално се отвори процес кој се очекува да трае со години пред земјата да стане членка на сега 27-члениот блок.