Седумдесет протерани руски дипломати ја напуштија Бугарија

од Nikola Popovski
287 прегледи

Седумдесет руски дипломати и нивните семејства вчера ја напуштија Бугарија откако беа протерани од земјата на Европската унија поради сомневање за шпионирање. Бугарското Министерство за надворешни работи во вторникот соопшти дека побарало од Русија да ги повлече своите 70 дипломати до недела, 3 јули, со цел да го намали персоналот на нејзината амбасада во Софија слично на бугарската во Москва.

„Првата причина е реципроцитет. Второ, активностите на руските функционери кои одговорните бугарски власти ги прогласија за некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи“, соопшти тогаш бугарското Министерство. Како одговор, Русија се закани дека целосно ќе ја затвори својата амбасада во Бугарија, што ќе ја направи првата членка на ЕУ на која ѝ се случило такво нешто.

Бугарскиот премиер Кирил Петков ја обвини руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова дека стои зад неодамнешното гласање недоверба на неговата влада, а дел од западните медиуми сметаат дека Бугарија може да стане слаба точка на руското влијание во Европската унија.

Вршителот на должноста бугарски премиер зазеде цврст став против руската агресија врз Украина. Во февруари тој го отпушти својот министер за одбрана затоа што одби да го нарече војна она што Русија го нарекува „специјална воена операција“. Петков ги поддржа европските санкции против Москва и се согласи да ја поправи украинската воена опрема, иако не сакаше да испрати оружје директно во Киев.

Слични содржини