Костовски со предлог до политичарите: Јавно да се објави кој има двојно, кој само македонско државјанство

од Берта Китинска
393 прегледи

Како пратеник од редовите на СДСМ јавно предлагам сите политичари, пратеници, функционери и креатори на јавното мислење да се проверат и објават јавно кој има ДВОЈНО, кој САМО македонско државјанство , предлага во објава на својот Фејсбук профил пратеникот од СДСМ Мартин Костовски.

-Јавно да ги објавиме сите политичари своите анкетни листови и народот да види кој што поседува Посебно тие со бугарски пасоши.Да знаат граѓаните со кого си имаат работа, кој им продава патриотизам,а има резервна држава.Доста лажни патриоти продаваат патриотизам и сеат магла-ЈАВНО ДА ВИДИМЕ КОЈ Е ЧЕСЕН А КОЈ НЕ, пишува Костовски.

Слични содржини