Гувернерот на Харков: Руските сили погодија средно училиште

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Руските сили во четири часот утринава удриле во средно училиште во областа Харков, според извештајот на гувернерот на тој регион Олех Сјунјехубов, а нема извештаи за жртви.

Сјунјехубов во најновиот ажуриран статус на социјалните мрежи изјави дека „непријателот во текот на денот ги нападна градовите и селата во Харков, Изум и Боходухив“.

„Како резултат на гранатирањето, уништени се станбени згради, фарми, гаражи и други објекти“, додаде Сјунехубов, пренесе „Гардијан“.