Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, на прес-конференцијата кажа дека Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев ширеле хистерија преку лажни вести и навреди.
„Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се истурените ликови на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата.Она што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев, она што Мицкоски го нарачува Апасиев го одработува.Мицкоски и проруската инсталација Апасиев заедно шират хистерија преку лажни вести и навреди.Во предлогот на француското претседателство јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес“, вели пратеникот на СДСМ.
Но, не е ова прв пат ВМРО ДПМНЕ и Левица заедно да се обидуваат и да создаваат тензии, смета Каевски.
„Се уште се сеќава јавноста на лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица за кантонизација, федерализација, мигрантски кампови, дека со Преспанскиот договор се продавал идентитетот, за бугаризација.Лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица немаат карај, тоа се десруктивни партии кои не сакаат државата да оди напред, бидејќи така им одговара.Самиот Мицкоски јавно призна дека не сака во ЕУ а Апасиев сонува за Русија“, вели Каевски.