Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со министерот за одбрана Сергеј Шојгу предложи да бидат одликувани „сите заслужни учесници во специјалната операција во Украина“.
Путин им честиташе на руските војници кои ја „ослободија“ самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), за што Шојгу лично го информираше на денешната средба.
Рускиот претседател додаде дека војниците кои учествувале во операциите во ЛНР сега треба да одморат, но дека останатите војници треба да продолжат да се борат.