Прекрасно беше да се слушне македонскиот јазик, порача Тупураинен од Скопје

од Nikola Popovski
179 прегледи

Прекрасно беше да се слушне македонскиот јазик. Прекрасно чувство да се биде овде во С. Македоија и ми претставува големо задоволство што сум овде заедно со мојот добар колега, ирскиот министер Томас Берн, изјави денеска финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, која е во посета на Северна Македонија.

Според неа, Финска и Ирска се едни од најсилните и најдоследните поддржувачи на С. Македонија и таа вели дека лично ги вложила сите нејзини напори во текот на претседателството во 2019 за да се започне со преговорите за членство со С.Македонија и Албанија.

-Се работи за кредибилитетот на ЕУ и нејзината политика за проширување, а се разбира ова е и прашање на мир и стабилност на ЗБ и според тоа претставува европско прашање за нас, С. Македонија е позитивен пример на активен и конструктивен член на меѓународната заедница и морам да кажам дека ова го кажувам од дното на душата, дека вашата целосна посветеност и целосна усогласеност со европска полтика кон Русија е од извонредно значање затоа што е важно да се бидат цврсто обединети во нашиот одговор кон руската агресија, сега не е време да се биде во одбрана на некој, сега е време да се биде на вистинската страна на историјата, мора да се спротиставиме на Русија, да се обединиме и ззаедно да се соочиме со Русија. ЕУ и ЗБ мора меѓусебно да се поддржуваат и натаму да ја зголемат својата соработка во надворешната соработка и политика. Ви благодарам многу за вашата усогласеност со нашата политика како и за тоа што се веќе членка на НАТО. Се надевам ја имаме вашата поддршка за нашето членство во НАТО, се надевам дека наскоро ќе бидеме сојузници, вашето искуство како членка на НАТО е од голема вредност за нас. С. Македонија следната година ќе ја добие и нашата целосна поддршка за она што ви претстои, меѓутоа се работи за многу важен процес. На крајот би сакала да кажам дека сум благодарна за нашата добра соработка и навистина посебно значање за мене да се биде овде во С. Македонија во овој историски момент. Ова е навистина голема можност за сите нас да ја зголемиме демократијата и европската соработка, истакнала Тупураинен на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Слични содржини