Прогласена вонредна состојба во Италија

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Италија денеска прогласи вонредна состојба во областите околу реката По, од кои потекнуваат околу една третина од земјоделските производи, а која страда од најтешката суша во последните 70 години.

Владиниот декрет за вонредна состојба ќе им овозможи на локалните власти да ги скратат бирократските процедури и да преземат итни мерки доколку сметаат дека е потребно, вклучително и наредба да се ограничи потрошувачката на вода за домаќинствата и бизнисите, пренесува „Ројтерс“.

По е најдолгата река во Италија, која тече повеќе од 650 километри низ богатиот север на Италија, но многу делови од течението на реката пресушија, а фармерите предупредуваат дека протокот на вода е толку низок што морската вода навлегува во внатрешноста и ги уништува посевите.

Слични содржини