Најчевска: Францускиот предлог е добар

од Берта Китинска
332 прегледи

Има два моменти кои мора да бидат отстранети или адресирани во Преговарачката рамка, а тоа е пристап кон рамноправно членство на Македонија во ЕУ, вели професорката Мирјана Најчевска во „Студио 10“ во однос на францускиот предлог.

Според неа предлогот е добар што се нуди за почеток на преговорите и со мали интервенции и промени, тие може може да почнат.

-Едното се однесува на јазикот каде за разлика од сите генерални рамки , се спомнува на некаков начин употребата на официјалниот јазик и се вика дека ЕУ ќе ги земе предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија и тоа значи дека се проблематизира јазикот. Вториот елемент кој е различен е елемнетот на внесување на билатерналните договори во рамката, вели Најчевска.

Слични содржини