Столтенберг: Финска и Шведска ќе дадат силен придонес во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска по церемонијата на потпишување на протоколот за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата, изјави дека тие две земји ќе дадат силен и важен придонес во тој воен сојуз.

Тој рече дека тоа е историски ден за Шведска, Финска и НАТО, за евроатлантската безбедност и дека ги делат истите вредности.

Генералниот секретар на НАТО посочува дека руската „брутална инвазија на Украина“ го наруши мирот во Европа и затоа е важно сите да застанат заедно во овој опасен момент од нашата историја.

Слични содржини