155
Демонстрантите што по четврти ден се собраа пред Владата, за да протестираат против францускиот предлог, се упатија пред зградата на Министерството за надворешни работи.
Откако пристигнаа пред МНР, демонстрантите фрлаа со јајца и камења кон зградата, а се запалија и неколку пиротехнички средства и факели.
Според тоа што може да се види, искршени се неколку стакла од просториите на МНР.
Забележливо е големото присуства на полицијата во овој реон од градот.
Се очекува демонстрантите да го продолжат својот пат до пред Собранието.
„Фашисти“, „Оставка“ и „Бујар Османи оди си од тука“ се дел од скандирањата на демонстрантите.