Мишел: С. Македонија сака да биде дел од слободниот свет, има експерти кои користат дезинформации

од Nikola Popovski
168 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави скринингот е важен чекор за секој чекор на преговорите за секоја земја што сака да пристапи во ЕУ.

-Има искрени идеи. С. Македонија сака да биде дел од слободниот свет на општествата на човековите права и демократските принципи. Иако не е лесно, се обидуваме да ја отвориме вратата, за да го направите првиот чекор. Разбирам дека има потреба од две-третинско мнозинство во Собранието и мора дебата, но ако одговорот е да, тогаш граѓаните на С. Македонија треба да бидат уверени дека во следните денови ќе го започнеме процесот на пристапување. Тогаш земјата ќе биде повеќе инволвирана, ќе биде можност за повеќе соработка и координација. Ќе одлучиме да дадеме финанска помош, посебно на секторот енергетика. Ако има јасен избор, С. Македонија ќе отвори можности, се со цел да се зајакнат врските со ЕУ, рече Мишел во интервју за Тв Сител.

Според него, има дезинформации за самиот предлог.

-Има некои експерти и чинители кои што велат дека јазикот би бил ставен во опасност, но тоа не е случај. Во самиот договор имаме почит за македонскиот јазик. Веднаш би почнеле со преводот на европското право на македонски јазик. Ова е принцип на автоматизам, важно е да бидеме сталожени, додаде Мишел.

Слични содржини