„Болно е да се гледаат денешните снимки“: Продолжуваат борбите во селата околу Лисичанск

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Гувернерот на Луганск Сергеј Гајдаи објави дека утринава продолжиле борбите во селата околу градот Лисичанск и покрај тоа што Русија објави дека го контролира целиот регион.

Тој на Телеграм напиша дека „некои населби веќе двапати биле под една или друга контрола“, пренесе „Гардијан“.

Гајдаи повтори дека до 15.000 цивили останале во Лисичанск и 8.000 во Северодоњек и додаде дека „болно е да се гледаат денешните видео снимки од Лисичанск“.

Украинскиот функционер изјавил и дека „Русите напредуваат, пред сè, поради фактот што се супериорни во артилерија, со која уништуваат градови и одбранбени позиции“, наведува британскиот весник.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот прогласи победа во заземањето на регионот Луганск.

Украинската армија во неделата ги повлече своите војници од градот Лисичанск, додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Путин објавија дека со заземањето на тој град, Москва добила контрола над целиот регион Луганск.

Регионот Луганск и соседниот Доњецк го формираат Донбас, индустриски басен во источна Украина, кој руските сили имаат намера да го освојат во целост.

Слични содржини