Европол: Уапсени 39 лица поради криумчарење мигранти

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Франција, Белгија, Германија, Велика Британија и Холандија уапсија 39 лица во рамки на координирана акција против шверцот на мигранти преку Ла Манш, соопшти денеска европската полициска агенција Европол.

Според соопштението, апсењата биле насочени кон една од најактивните криминални мрежи, која со мали чамци шверцува луѓе преку Ла Манш од Франција до Британија.

Се додава дека полицијата запленила над 1.200 елеци за спасување, околу 150 гумени чамци и околу 50 мотори, како и десетици илјади евра во готовина, огнено оружје и дрога.

Слични содржини