Њујоршката полиција го уапси Франциско Бенгоче (19) поради убиство на неговиот врсник Мелвин Урена во Бронкс.
Бенгоче сред бел ден излетал од својот автомобил на прометната авенија Мелроуз и го застрелал Урена, кој се возел на скутер, во ногата, а потоа и во главата.
Оваа престрелка ја вознемири јавноста во Њујорк, каде од почетокот на годината има огромен пораст на оруженото насилство.
Бројот на тешки кривични дела годинава е зголемен за 38 отсто во однос на претходната година, разбојништво за 39 отсто, кражби за 34 отсто, а напади за 19 отсто.
Она што е интересно, според податоците на полицијата, бројот на убиства е намален за 13 отсто во однос на минатата година. Причината за ова, според органите на прогонот, е масовна кампања против нелегалното оружје на улиците.