Почна средбата на партиските работни групи за европскиот предлог

од Берта Китинска
150 прегледи

Во Клубот на пратениците денеска попладне започна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.

Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.