Наредена итна евакуација од овој украински град: Дали е тоа следната цел на Путин?

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Градоначалникот на Славјанск, Вадим Лиак, ги повика сите граѓани што поскоро да се евакуираат од градот, бидејќи се претпоставува дека тој град ќе биде следната цел на руските сили.

Лиак, исто така, рече дека во понеделникот наводно биле гранатирани 40 куќи, додека други локални претставници малку подоцна изјавија дека наводно две лица загинале, а седум се повредени во нападите.

– Неопходно е да се евакуираат што повеќе луѓе – изјави Лиак во интервју за „Ројтерс“.

Тој во интервјуто спомна дека во вторникот биле евакуирани 144 лица, меѓу кои 20 деца. Ден претходно, шест лица наводно биле убиени, а 20 повредени во овој град, кој е едно од ретките места во Донбас што не е под руска контрола.

Слични содржини