По денешните разговори меѓу партиите во Клубот на пратениците по однос на преговарачката рамка со ЕУ и францускиот предлог, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски информира дека неговата партија има забелешки.
-Претставивме шест барања за промена на преговарачката рамка. Нашите позиции се многу јасни и точно интервенираме во точни членови и со точни називи. Да нема поделба на правата меѓувладина конференција, односно да нема отворање на Уставот. Ние сметаме дека уставни измени не се потребни за Македонија да почне преговори со ЕУ, изјави меѓу другото Николоски пред новинарите.
-Кај власта расположение за ова нема и сакаат да се разводнува процесот. Затоа ги повикувам сите граѓани вечерва повторно на протест пред Влада, додаде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, преговарачката рамка може да се менува, затоа што додека не ја прифати Македонија како страна, истата не е на сила.