185
„Очигледно никој не сакал да го убие Мицко, туку станува збор за негов нов тежок политички фејл и за негово политичко самоубиство од заседа во обидот да предизвикаат меѓуетнички инцидент, напиша на Фејсбук владиниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец.
„Нов фејл за пироманите Мицко и Димче. Си измонтираа тепачка меѓу себе со луѓе од нивниот коалиционен партнер Алијанса. За потсетување, Мицко објави опозициска коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса. Денешниов наводен wannabi убиец на Мицко да ти бил брат на функционер на Алијанса кој трчаше за кампањата на Данела за Град Скопје. Димче и Мицко се сликаа на иста маса со Таравари од Села во неуспешниот обид за ново мнозинство во Собранието“, напиша Забрчанец.