Брнз: Северна Македонија е сигурен пријател на кој му веруваме

од Берта Китинска
236 прегледи

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз вчера на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД порача дека патот на С. Македонија е кон европската иднина и спроед неа земјава и граѓаните ќе мораат да се соочат со сите тешки предизвици кон целата.

„Како што Северна Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње“, порача Брнз.

Таа напомена дека Северна Македонија постојано ја покажува својата посветеност на стратешкото партнерство и поддржувањето на демократските принципи – истите идеали, што, како што рече амбасадорката, Русија се обидува да им ги негира на граѓаните на Украина.

„Северна Македонија е сигурен пријател на кој му веруваме. Заедно соработуваме за да ја заштитиме животната средина, културата и економските можности коишто ја прават Северна Македонија витален дел од регионот, истакна Брнз.

Слични содржини