166
Можно уште денеска Владата до Собранието да ги проследи францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на земјава, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи, најави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците Артан Груби.
– Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи Владата за следните активности во однос на целиот пакет.
Тој рече дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протоколот со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазик и културна посебност.