Костовски: Мицкоски не беше жртва туку режисер и главен реализатор на вчерашното мрачно сценарио

од Берта Китинска
242 прегледи

„Целата јавност вчера виде обид за крваво сценарио во режија на Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса. За свои лични цели, Мицкоски вчера беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Тоа крваво сценарио не успеа поради притисокот од јавноста и реакција на институциите. Се потврди дека сè е дел од мрачните глави во ВМРО-ДПМНЕ и антиевропските партии. Мицкоски не беше жртва туку режисер и главен реализатор на тоа мрачно, крваво сценарио“, обвини денеска пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

„Прво Мицкоски велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата. Па какви се овие глупости, како од толкава толпа Мицкоски се препозна самиот? Се знае како, затоа што тој го смисли и го режираше ова сценарио кое не успеа. Ова говори дека нема основни човечки граници ова насилничкото и деструктивно однесување на Мицкоски и неговите коалициски партнери“, смета Костовски.

Пратеникот од СДСМ изјави дека „го повикуваме Мицкоски да се откаже од нови крвави сценарија, да престане да ги турка луѓето во смислени судири и конфликти и јавно да се огради од неговите пиштолџии и качулки. А потоа да повика на итен прекин на насилството“.“, обвини денеска пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Пратеникот смета дека „добро е што Арсовска го разреши директорот, но со тоа и самата директно потврди дека се работи за коалициски партнер и дека било договорено сценарио, кое, за среќа, под притисок на јавноста пропадна“.

„Прво Мицкоски велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата. Па какви се овие глупости, како од толкава толпа Мицкоски се препозна самиот? Се знае како, затоа што тој го смисли и го режираше ова сценарио кое не успеа. Ова говори дека нема основни човечки граници ова насилничкото и деструктивно однесување на Мицкоски и неговите коалициски партнери“, смета Костовски.

Пратеникот од СДСМ изјави дека „го повикуваме Мицкоски да се откаже од нови крвави сценарија, да престане да ги турка луѓето во смислени судири и конфликти и јавно да се огради од неговите пиштолџии и качулки. А потоа да повика на итен прекин на насилството“.

Слични содржини