Џамбаски ја нападна Србија: За нив нема место во ЕУ

од Nikola Popovski
226 прегледи

Бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски остро ја нападнал Србија и нагласил дека „за неа нема место во Европската унија“.

-Ова е истата Србија која ги провоцира Косово и Босна и Херцеговина и ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Ова е истата Србија која го поддржува најголемиот шпионски центар на Русија на Балканот во градот Ниш. Ова е Србија која ги руши националните малцинства, изјавил Џамбаски во Европскиот парламент.

Според него, во салата на ЕП често се бранат различни малцински права, но Србија ги угнетува Хрватите и Бугарите и ги крши нивните права.

-Србија продолжува да се однесува на начин кој е неприфатлив. Тој која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во ЕУ. Разберете го тоа, додал Џамбаски.

Слични содржини