Зеленски: Украина нема да отстапи територии во замена за мир

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Украина нема да отстапи територии во замена за мир со Русија.

Зеленски изјави за Си-Ен-Ен дека Украина не сака да ѝ отстапи ниту една територија на Русија и посочи дека територијалните отстапки нема да бидат дел од дипломатските преговори за ставање крај на војната.

„Украинците не се подготвени да се откажат од својата земја, да прифатат дека тие територии ѝ припаѓаат на Русија. Ова е наша земја“, рече претседателот на Украина.

Слични содржини