Лавров: Западот ја критикува Русија наместо да се занимава со економски прашања

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги отфрли, како што ги нарече, безумните западни критики за војната во Украина на министерскиот состанок на Групата 20 во Индонезија, обвинувајќи ги западните земји дека ја пропуштиле шансата за решавање на глобалните економски прашања.

„Западните партнери во дискусиите избегнуваат да го почитуваат мандатот на Г20, да се занимаваат со прашања од светската економија“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија изјави дека дискусијата на Западот на самитот на Г-20 речиси веднаш, веднаш штом тие го зедоа зборот, „залутаа до жестоките критики на Руската Федерација во однос на ситуацијата во Украина“.

Русија нема да трча по никого со предлози за средби

„Русија нема да трча по никого со предлози за средби“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, коментирајќи ја можноста за разговори со американскиот државен секретар Ентони Блинкен на маргините на министерскиот состанок на Г20.

„Не ги прекинавме ние сите контакти со САД и не бркаме никого со предлог за средби“, рече Лавров, пренесува РИА Новости.

Слични содржини