Британското Министерство за одбрана, кое редовно ја следи ситуацијата на фронтот во Украина, објави дека е забележливо дека руските сили сега се концентрираат во правец на Сиверск, осум километри западно од сегашната линија на рускиот фронт.
Британците претпоставуваат дека руските сили ќе направат пауза тука за повторно да го наполнат оружјето пред да преземат нови офанзивни операции во регионот на Доњецк.
Во извештајот се додава дека украинските сили продолжуваат постепено да напредуваат во југозападниот Херсонски сектор.
Тие наведуваат и дека постои реална можност непосредна тактичка цел на Русија да биде Сиверск, додека нејзините сили се обидуваат да напредуваат кон нивната најверојатна оперативна цел, урбаната област Славјанск-Краматорск.
Да потсетиме дека ситуацијата беше критична во блискиот регион Доњецк во изминатите денови, а украинскиот гувернер на регионот, Павло Кириленко, најави дека е неопходна евакуација на 350.000 жители од оваа област со цел да се спасат животи и да се овозможи на украинскиот војската подобро да ги брани градовите од рускиот напредок.
Украинската армија претходно во неделата ги повлече војниците од градот Лисичанск, кој исто така се наоѓа во близина, додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Путин објавија дека со заземањето на тој град, Москва ја добила контролата врз целата област Луганск.