Ди Марија е нов играч на Јувентус

од Nikola Popovski
122 прегледи

Аргентинскиот играч за врска Анхел Ди Марија и официјално е нов член на Јувентус.

Искусниот играч пристигна како слободен играч во клубот од Торино, со кој потпиша договор до јуни 2023 година.

34-годишниот аргентински репрезентативец го избра дресот со број 22 и сигурно ќе биде значајно засилување за тимот на Масимилијано Алегри кој сака да ја врати титулата во Торино.

Ди Марија стана слободен играч на 1 јули по истекот на договорот со Пари Сен Жермен, за кој одигра 295 натпревари и постигна 93 гола со 119 асистенции.

Со клубот од Париз пет пати беше шампион на Франција, а претходно настапуваше за Росарио Централ, Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Слични содржини