Колона со посмртните останки на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе денеска пристигна во неговата резиденција во Токио, откако рано утринава ја напушти болницата во градот Нара, каде што голем број Јапонци му оддаваат почит на убиениот политичар кој ќе биде погребан во вторникот во родниот град.
Премиерот Фумио Кишида ја посети резиденцијата, објави новинската агенција Кјодо.
Голем број Јапонци денеска положија цвеќе на местото во градот Нара, каде што беше убиен Абе, редок чин на политичко насилство што ја шокираше целата нација, пренесе Ројтерс.