За третиот мандат немаме со кого да преговараме, имаме решение со БСП да не владееме. Да формираше ПП влада, ќе најдев тројца пратеници кои ќе им бидат лојални и ќе ги поддржат. Христо Иванов рече дека ќе бара други пријатели, истите оние кои „Продолжуваме со промената“ рекоа дека се мафија. И сега, ако сакаме, можеме да направиме влада со „Има таков народ“, но нема да успее, изјави поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Во ваква политичка ситуација, според него, нема зошто „да си го валкаат името“.
„Август нема да има гас. Нема да го земеме вториот мандат, бидејќи имаме принципи“, изјави лидерот на ГЕРБ.
Повика на внимателност, бидејќи за време на предвремени избори се подготвуваат измами со машините.
„Затоа 8 проценти треба да биде разликата за нас“, додаде Борисов.