173
Демијан Лилард го продолжи договорот со Портланд на уште две сезони.
Иако долго се шпекулираше дека најдобриот играч на Блејзерс можеби ќе ја смени средината по неуспехот во плеј-офот во последните сезони, плејмејкерот реши да остане во Орегон.
Американецот, кој во последните сезони потенцираше дека е незадоволен од амбициите на тимот, договорил двегодишно продолжување на соработката, според кое ќе заработува вртоглави 60 милиони долари по сезона, што е најмногу во НБА.
Во 2012 година, Портланд го избра како шести пик од првото коло. Шест пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварот. Беше член и на идеалната петорка на лигата, додека во 2013 година беше избран за Дебитант на сезоната.