Георгиев: Историската комисија воопшто не расправа за идентитетски прашања

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Историчарот Драги Георгиев, кој е член на македонско-бугарската комисија за историски прашања, во интервју за Канал 77 денеска рече дека тие воопшто не расправаат за идентитетските прашања.

„Јас сакам да потенцирам дека на тие средби воопшто комисијата не се занимава со идентитески прашања. Во ниедна наша препорака ние не зборуваме за идентитетот на Цар Самоил или за идентитетот на било која личност за која досега имаме резултат како што се браќата Кирил и Методиј, Св.Климент, Св,Наум. Воопшто идентитетот не е прашање, не е тема на работа на комисијата. Да престане да се манипулира со тоа дека комисијата ќе решава кој каков идентитет ќе имал пред 1000 години.“ рече Георгиев.

Слични содржини