Во својот извештај до берзата во Хонг Конг, кинескиот BYD Motor објави дека продал 641.350 свои електрични возила во првата половина од годината. Тоа значи дека кинескиот производител ја престигна Tesla, која продаде 564.743 возила во истиот период годинава, кој беше објавен на 2 јули.
Без оглед на проблемите на кои наиде Tesla со привременото затворање на фабриката во Шангај поради КОВИД и фактот што ова го намали производството во вториот квартал, BYD Motor забележа забрзан раст. Кинезите забележаа раст на продажбата од 314 отсто во минатата година.
Основана во 1995 година, BYD започна како производител на батерии и влезе во автомобилскиот бизнис во 2003 година, со купувањето на Qinchuan Automobile Company една година порано.
Компанијата е „под капакот“ на политичката волја на Пекинг да ги охрабри потрошувачите поединечно да ги намалат емисиите на CO2. А во нивна корист оди и фактот што еден од инвеститорите е славниот Ворен Бафет.
Маск: Дали сте го виделе тој автомобил BYD?
Но, она што е интересно е дека BYD Motor е во умот на Елон Маск, основачот на Tesla, повеќе од десет години. На прашањето за кинескиот производител во 2011 година, тој низ смеа одговори: „Дали сте го виделе тој автомобил?
Сега ситуацијата е сосема поинаква. Дури и смешна. Неодамна, вишиот потпретседател на компанијата, Лиан Џубо, изјави за кинеската државна CGTN дека BYD Motor наскоро ќе стане снабдувач на батерии на Tesla.
Од компанијата на Маск не сакаа да ги коментираат овие информации.
Кога станува збор за големите компании во Кина, ниту една од нив не може, а да нема, голем скандал зад себе.
Како што напиша „Блумберг“, властите во Хунан, планинска провинција во јужна Кина, покренаа истрага за загадување од страна на фабриката BYD Motor, откако жителите се пожалија на повраќање и отежнато дишење.
Жителите, исто така, велат дека една од фабриките на BYD во регионот предизвикала крварење од носот кај стотици деца.