Зеленски го разреши украинскиот амбасадор во Германија

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши Андриј Мелник од функцијата украински амбасадор во Берлин.

Указот е објавен на веб-страницата на претседателот на Украина.

„Андриј Јарославович Мелник е разрешен од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Украина во Сојузна Република Германија“, се наведува во документот.

Претходно „Билд“ напиша дека Мелник ќе се врати во Киев и дека би можел да ја преземе функцијата заменик-шеф на украинското МНР.

Слични содржини