Кирјос побара да се исфрли навивачка: „Изгледа како да испила 700 пијалоци“ ВИДЕО

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Ник Кирјос за време на финалето на „Вимблдон“ против Новак Ѓоковиќ побара навивачка да биде исфрлена од трибините.

На крајот од петтиот гем од третиот сет, со кој стигна до водство од 3:2, му пријде на судијата Рено Лихтенштајн и побара од него да исфрли навивачка од трибините бидејќи таа упорно се обидувала да го деконцентрира Австралиецот зборувајќи гласно пред секој сервис.

На прашањето на судијата да опише на кого мисли, Кирјос рече:

„Другар, таа што изгледа како да испила 700 пијалоци“.

Австралиецот го загуби третиот сет, па Ѓоковиќ направи пресврт и поведе со 2:1.

Слични содржини