Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус објави дека ќе се натпреварува во трката за лидер на ториевците и нов премиер, во напис објавен во дневниот весник „Телеграф“ во неделата вечерта.
– Се соочуваме со огромни предизвици однадвор. Се соочуваме со огромни внатрешни предизвици во екот на светската економска криза. Се соочуваме со огромни предизвици однадвор, од агресивната Русија и сè поагресивната Кина – пишува таа во написот објавен на веб-страницата на дневниот весник.
– Ќе биде тешка битка, но можеме да ја добиеме и да им донесеме победа на Британците. Ја објавувам мојата кандидатура затоа што можам да водам, да исполнувам ветувања и да донесувам тешки одлуки – пишува Трус.
Шефицата на британската дипломатија е еден од најострите критичари на Русија во владата на Борис Џонсон, кој во четвртокот ја објави својата одлука да поднесе оставка од премиерската функција.
Во написот, Трус се пофали себеси како некој што „помогна да го води меѓународниот одговор на руската војна во Украина“ и „воведе пакет остри санкции“.
Трус и секретарот за одбрана Бен Валас се сметаа за најверојатни кандидати за премиер, но Валас во саботата објави дека одлучил да не се кандидира во трката да ја води земјата.