Ова е топката за која Иван се држеше додека морето го одвлекуваше од брегот

од Vladimir Zorba
394 прегледи

Двајца млади момчиња од Македонија, кои исчезнаа во морето на Халкидики, се пронајдени, додека потрагата по нивниот другар се уште е во тек.

Потрагата по 28-годишниот млад човек, кој со пријателите го посетил Посиди, продолжи и утринава, а грчките медиуми јавуваат дека неговата мајка и брат денеска од Америка пристигнуваат во Грција.

Третиот млад човек е изгубен во морето повеќе од 40 часа, поради што надежите да се најде жив се намалуваат.

Грчките медиуми пишуваат дека во месноста има неповолни временски услови, што ја отежнува потрагата по мажот.

Исто така, се наведува дека тој не знае добро да плива, поради што неговата ситуација се смета за многу тешка.

Во исто време, денеска се очекува спасувачите да лансираат подводен дрон за да стигне до дното и да помогне во потрагата.

Крајбрежната стража изминатите денови успеа да пронајде двајца млади момчиња, додека операцијата за пронаоѓање на третото лице продолжува трет ден по ред.

Прв се спаси Васил (25). Брод на крајбрежната стража го собрал откако сурфер го забележал во морето.

Вториот, 30-годишниот Иван, бил спасен благодарение на топката што случајно ја нашол во морето. Тој се држел за топката цели 19 часа, што му помогна да остане жив.

Слични содржини